Асанж е затворен во британскиот Гвантанамо – во него лежи еден од најопасните затвореници


Асанж се наоѓа во британската верзија на американскиот затвор за терористи Гвантанамо, во услови многу полоши од тоа на што се жалеше во еквадорската амбасада, вели Блумберг.

Џулијан Асанж, поради недостиг од пристап до интернет и медицинска нега, и неможност да излезе надвор, како неподносливи ги процени условите во амбасадата на Еквадор.

Престојот во амбасадата во Лондон заврши со негово апсење во четвртокот.

Блумерг вели дека условите во кои престојува сега се многу полоши бидејќи е сместен во британската верзија на американскиот затвор за терористи Гвантанамо.

Затворот „Белмарш“ во југоисточниот дел на Лондон го споредуваат со овој американски затвор на Куба, каде што властите на САД ги држат најопасните исламисти, првенствено затоа што во британскиот „Гвантанамо“ се држат исклучително опасни затвореници.

Таму отслужуваше казна, меѓу другите, и Абу Катада, кој беше опишуван како десна рака на Осама бин Ладен, поранешниот лидер на Ал каеда, за Европа, како и четворица мажи што се обиделе да извршат самоубиствен напад во Лондон во системот за јавен превоз. Откако неговиот случај, по апсењето, бил обработен пред судот во британскиот главен град, Асанж бил спроведен во „Белмарш“.

Ова го изјави пријателот на Асанж Вон Смит, кој беше еден од последните луѓе што го посетиле Австралиецот во еквадорската амбасада пред неговото апсење.

Блумберг проценува дека изборот на локацијата на која Асанж ги чека понатамошните судски одлуки може да укажува на строгиот пристап на британските власти кон притворот на 47-годишниот Асанж, додека тој се бори против екстрадиција во САД под обвинение за откривање владини тајни.

Се тврди дека во „Белмарш“ има затвореници од различни профили, од пониски престапници до одделението во кое се најопасните затвореници во земјата. Блумберг забележува дека оваа средина ќе биде комплетна новост за Асанж, бидејќи во 2010 година, додека ја чекаше одлуката на британските власти по барањето на Шведска да ѝ го предаде, помина девет дена во друг затвор во Лондон, „Вондсворт“.

Кога беше ослободен со кауција, неговиот адвокат затворските услови ги нарече „дикенсовски“, додека самиот Асанж рече дека во тој викторијански затвор имал „време да размислува“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1