Укинат 30 дневниот притвор на бизнисменот и советник Нефи Усеини и неговиот брат Ибро. Браќата понудиле гаранција од 850 илјади евра која охридскиот суд ја прифатил. Претходно за да излезат од затворскиот притвор тие понудија 30 илјади евра кои беа одбиени од битолската апелација поради сомневањето дека може да избегаат и да бидат недостапни за органите на прогонот.
Судското рочиште против браќата Нефи и Ибро е закажано е за 22 септември во 10 часот , а предметот ќе го води судијата Милчо Клишевски.
Полицијата претходно поднесе кривична пријава против Усеини и за насилство и недозволено држење оружје, но во обвинението се гонат само за првото кривично дело за физичкиот напад на охриѓанецот Спирко Топаловски.
Топалоски во полиција пријавил дека врз него бил извршен физички напад, и закани кон него пред неговиот малолетен син со огнено оружје, но додека тие беа во бегство, тој ја промени изјавата тврдејќи дека не видел оружје, и дека се работи за недоразбирање.
Усеини по шест дена бегство беа притворени на 26 август откако сами се пријавија.