Укинат притворот за новинарот Зоран Божиновски


Кривичниот суд во Скопје денеска го укина притворот за новинарот Зоран Божиновски, информираат во денешното соопштение од Судот.– Постапувајќи по предлог на јавниот обвинител за укинување на мерката притвор за обвинетиот З.Б., обвинет во предметот со КОК бр. 79/16, судечкиот судија на денешниот главен претрес донесе одлука со која предлогот на обвинителот се уважува и мерката притвор се укинува, а согласно предлогот се определуваат превентивни мерки за обезбедување присуство на обвинетиот во текот на постапката. Против ова решение дозволено е право на жалба во рок од 3 дена, се наведува во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Божиновски беше во притвор речиси три години за случајот „Шпион“, а се товари дека ги сторил делата злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1