Укината доживотната казна на Алмир Дрпљанин за нападот на Алфите кај ПМФ


Судот ја укина доживотната затворска казна за еден од најозлогласените криминалци Алмир Дрпљанин. Му досуди 20 години за грозоморниот напад врз полициските Алфи што се случи во ноември 2008-та година на паркингот пред ПМФ кога еден припадник на Алфите загина, еден остана доживотен инвалид а третиот има намалена деловна способност.

Откако беше осуден со правосилна судска пресуда на доживотна казна затвор, Апелациониот суд случајот го врати на повторно судење бидејќи првиот пат му се судело во отсуство. Кривичниот суд повторно пресуди доживотна казна за Дрпљанин, но Апелација и таа ја врати на повторно одлучување, за на крај казната да му биде намалена на 20 години. Дрпљанин беше во бегство на Косово до јануари 2015 година, пренесува Алфа ТВ.

Освен нападот кога беше убиен полицаец кај ПМФ, тој е вмешан во убиството кај Саем што се случи во 2007, кога беше ограбено возило со пари, учествуваше во грабежот на Прокредит Банка кога имаше престрелка меѓу полицијата и разбојниците. Во 2008 година беше дел од криминалната група која со автоматски пушки ограбија поштенско комбе.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1