Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана денеска објави дека 28 руски спортисти ќе можат да се натпреваруваат на Олимпијадата во јужнокорејскиот Пјончјанг и со тоа ја укината доживотната забрана изречена од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).
Руските спортисти изразија жалење поради одлуката на ИОК донесе поради наводно системско допингување на Игрите во Сочи пред четири години.
ЦАС објави дека во 28 случаи немало доволно докази за да се утврди допингот, а резултатите што биле поништени на руските спортисти повторно се важечки.
Жалбите на уште 11 руски спортисти беа делумно усвоени, откако беше утврдено дека кај нив имало прекршување на анти-допинг правилата и нив ќе им биде забрането само учеството во Пјончјанг.