Украден сеф со 1.600.000 денари од Веро


СВР-Битола соопшти дека ноќеска по полноќ од маркетот „Веро-6“ украден е сеф во кој имало повеќе од 1,6 милиони денари.kradec sef-517x320

– Утрово во 6 часот и 50 минути во битолската полиција беше пријавено дека ноќеска, најверојатно 48 минути по полноќ, од непознат сторител извршена е тешка кражба, и притоа насилно е влезено во просториите на маркетот „Веро-6“ лоциран на Широк Сокак во Битола. Во кражбата одземен е сеф во кој според кажување имало 1.662.000 денари, истакна Магдалена Димитровска од секторот за односи со јавност во СВР-Битола.

Во тек е истрага за оваат тешка кражба што ноќеска се случи во Битола.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1