Украдената прескапа слика на Рембрант најдена во Србија


Со акција на полиција од Нови Сад, во околината на Сремска Митровица пронајдена е слика на Рембрант, вредна 2,5 милиони фунти. Во акцијата се приведени и четворица осомничени за кражбата, јавуваат српските медиуми.

slikaСе работи за сликата “Портрет на таткото Рембрант” која датира од 1630 година, а која била украдена на 8 јануари 2006 година од Музејот на Нови Сад, кога две маскирани и вооружени лица ги врзале со ремен чуварите и освен сликата на Рембрант украле уште три слики “Сенека” од Рубенс, “Ноќен пејсаж со рибарите” од Пјетро Франческо Мола и сликата “Глава на Христос” од непознат германско-холандски автор од 16. век.

Автентичноста на пронајдената слика од Рембрант е потврдена од страна на експерти.

Инаку, ова дело било украдено и порано во 90 десетите години, но било пронајдено во Шпанија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1