Складиште со илјадници долари вредни поклони наменети да бидат испратени на војниците во Афганистан, биле украдени во неделата во Калифорнија.
Добротворната организација „The Move America Forward“ во понеделникот ги имаше финалните подготовки за да ги испрати новогодишните пакети преку пошта до Авганистанските трупи, кога се открило дека 25 пакети биле украдени од заклучен контењер во складиште во градот Сакраменто.
Скот Раб од добротворната организација вели дека некој во неделата вечерта го обил катанецот од приколката и насилно влегол, во контењерот во кој што имало околу 400 пакети.
„Ова е навистина тажно, да крадете од Американските трупи. Се надеваме дека оној кој што ги земал ќе ги остави во поштата“, изјавил Раб.
Ова не е прв грабеж кој што се случил кога станува збор за добротворни цели. Во Атланта, Џорџија претходно овој месец биле украдени околу 10,000 играчки од заклучен објект кои што биле наменети за деца со посебни потреби. Во Масачусетс околу десетина елки биле украдени од продавницата за евергрини, која имала за цел да собере пари за болницата за деца. Имало уште неколку кражби кои што биле извршени изминатиот месец. Биле украдени работи кои што биле наменети за добротворни цели.