Украинец изрешета тројца Срби!


Тројца српски државјани се застрелани денеска околу 12.30 часот во источниот дел на Валенсија. Како што јавуваат шпанските медиуми, постојат сомнежи дека професионален стрелец ги изрешетал Србите.

snajper

Еден од повредените е тешко ранет во стомак, додека другите двајца поминале со полесни повреди. По напаѓачот се уште се трага.

Шпанските медиуми наведуваат дека српските државјани, стари 36, 38 и 46 години, се застрелани со полуавтоматско оружје.

Напаѓачот бил во друштво на двајца помагачи. Иако идентитетот на учесниците во пукањето се уште не е познат, медиумите тврдат дека меѓу нив имало и државјанин на Украина.

Според шпанската полиција, постои сомнеж дека се работи за пресметка меѓу криминални групи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1