50-годишната жена била уапсена минатата година, кога Зефани случајно ја дознала вистината откако во училиште запознала девојка која неверојатно личи на неа.
Јужноафриканскиот суд ја осудил на 10 години затвор жената која пред 19 години од болница ја киднапирала Зефани Нурс, а потоа со години глумела дека е нејзина мајка.Осудената жена го киднапирала девојчето од болница пред помалку од 20 години. Односно, ја украла од прегратките на мајката која во тој момент спиела, а бебето имало само три дена. Девојчето во јавноста е познато како Зефани Нурс, име кое и го дале биолошките родители и кое е користено во медиумите во годините по исчезнувањето. Таа денес го користи името кое и го дала жената што ја украла и ја одгледала.
50-годишната жена била уапсена минатата година, кога Зефани случајно ја дознала вистината откако во училиште запознала девојка која неверојатно личи на неа.
ДНК тестот кој полицијата подоцна го направила покажал дека девојките се родени сестри.Полицијата не сакала да го открие идентитетот на киндаперката.
Kиднапираното девојче, која има 19 години, не сака да развива однос со биолошкото семејство и ја смета киднаперката за своја мајка, јавуваат медиумите.