Во полскиот град Познањ почна судење на тројца мажи кои се уапсени во Полска под сомнение дека во Германија украле комбе во кое имало 12 мртовечки ковчези со тела на покојници.
Осомничените беа уапсени во октомври, а мртовечките ковчези потоа се пронајдени близу градот Конин на запад во Полска.
Крадците одлучиле да се „ослободат“ од ковчезите откако сфатиле дека ненамерно украле комбе кое било на пат кон крематориум. Доколку бидат осудени, им се заканува 10-годишна затворска казна.