Украсите на оградата на владината зграда не се религиски симбол


Украсите на завршетоците на оградата на објектот на Владата не претставуваат никаков религиски симбол, како што неточно беше информирано во дел од медиумите, туку се архитектонски стилски крин што јасно може да го забележи секој граѓанин кој во секое време може да дојде и да се увери во тоа, соопшти Службата за општи и заеднички работи.

Во денешното соопштение СОЗР ги оцени како шпекуалции и неточни информациите објавени во дел од медиумите поврзани со стилскиот изглед на оградата на владиниот објект.ograda vlada

– Од самиот почеток на процесот на изградба на оградата е предвидено како украс на завршетоците на оградата да биде поставен архитектонскиот стилски крин што јасно може да се увиди и од шематскиот приказ на идејното решение и на проектот за изградба кој го доставуваме во прилог на ова соопштение. Истиот тој архитектонски стилски крин може да се забележи и на веќе изградената ограда, се вели во соопштението.

СЗОР апелира на коректно известување и воздржување од пласирање на шпекулации и дезинформации.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1