Улицата кај Рекорд се затвора за сообраќај


Градот Скопје денескаги почна градежните работи за реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуското стојалиште наспроти „Рекорд“.

Градежните работи се очекува да завршат до крајот на месец јули.

rekord

– Оваа сообраќајна лента ќе се реконструира во должина од 200 метри, пред и по ова автобуско стојалиште. Оштетениот и вдлабнат асфалт ќе се изгребе, на делови каде што коловозот е многу оштетен ќе се санира и потповршинскиот слој и ќе се асфалтира со нов асфалт. Во текот на реконструкцијата на сообраќајната лента ќе се нивелираат и постојните шахти и сливници. Поради изведување на градежните работи, за сообраќај целосно ќе се затворат двете сообраќајни ленти од улицата Димитрие Чуповски, во насока од болницата „Наум Охридски“ (старата Градска болница) до такси-станицата „Ловец“. Сообраќајот ќе биде пренасочен по следниве улици: од крстосницата кај старата Градска болница, односно, крстосницата со улицата Васил Аџиларски и улицата 11.Октомври, возилата ќе се движат преку улицата 11.Октомври, булеварот Кочо Рацин и улицата Свети Кирил и Методиј до булеварот Свети Климент Охридски. Возилата на јавниот градски транспорт ќе бидат пренасочени по истата траса и ќе ги користат постојните автобуски стојалишта. Сообраќајот по улицата Димитрие Чуповски, од ТЦ „Палома бјанка“ кон старата Градска болница, ќе се одвива без промени, рече градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој го означи стартот на градежните работи.

Трајановски додаде дека на реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуското стојалиште наспроти „Рекорд“ ќе работат екипите на АД „Бетон“ Скопје. Градот Скопје за овој зафат ќе потроши околу 4 милиони денари.

– Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремениот сообраќаен режим и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Градот Скопје акцијата за обновување на оштетениот коловоз пред атобуските стојалишта ја почна минатата година, на автобуското стојалиште наспроти објектот на МАНУ. Во наредниот период ќе работиме и на обнова на коловозот пред автобуската станица пред објектот на МАНУ, најави градоначалниот Трајановски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1