Ќе никнат Партизани во Скопје – Шест нови споменици и една фонтана


Шест нови споменици планира да подигне градската власт на територијата на Скопје, како и нова фонтана, но од градското одделение за односи со јавноста не обелоденуваат на кои точно локации. Допрва ќе се утврдува.

Skopje plostadПредлагач на иницијативата е градоначалникот Kоце Трајановски, а обележјата се однесуваат на генерал Михајло Апостолски, Пере Тошев, Никола Петров-Русински, Андон Лазов Јанев-Ќосето и Ѓорѓи Сугарев. Шестиот предлог се однесува на релјефно обликување фонтана со настани, личности и симболи од историјата на Македонија.

Програмата за обележување значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја ќе се најде на дневен ред на седница на Советот на Скопје, која ќе се одржи следната недела.

Од Градот Скопје иницијативата ја образложуваат како потреба и обврска да подигнат споменици на овие личности, како во спомен на зачувување на нивните лик и дело, така и да се збогатат јавните површини со уметнички и архитектонски дела и творби што со своите содржини ќе ја изразат ваквата почит и грижа.

Skopje-2014-1-1024x768-564x272– Податоци за личностите и нивното значење, местото каде што ќе се подигне спомен-обележјето, основните елементи за текстот што се истакнува на обележјето и рокот за подигање се утврдуваат со одлука на Советот на Скопје за секое спомен-обележје одделно – се вели во образложението од програмата.

Во оваа фаза не се познати ниту средствата што ќе се издвојат за спомениците. Од Градот само наведуваат дека извори за финансирање ќе се обезбедат од буџетот на Градот Скопје, донации, државен буџет и други извори.

– За секое спомен-обележје содржано во програмата, односно за спроведување на постапката за негово подигање, Советот именува одбор. Составот и делокругот се определуваат со актот за негово именување – велат градските власти.

Генерал Михајло Апостолски (1906-1987) бил македонски партизан, генерал, командант на НОВ, воен теоретичар, политичар, историчар и народен херој. Петар Наумов Тошев (1865-1912) е македонски револуционер, војвода и учесник во Илинденското востание. Член и раководител на Македонската револуционерна организација и близок соработник на Ѓорче Петров и Гоце Делчев. Македонскиот социјалист Никола Петров Русински (1875-1943) е учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на македонската револуционерна организација. Близок соработник на Гоце Делчев и Васил Главинов. Ѓорѓи Сугарев (1879-1906) бил македонски учител, револуционер, илинденец, војвода. Дејствувал во четата на Русински, а бил секретар на битолскиот округ на македонската револуционерна организација. Андон Јанев познат како Ќосето (1854-1953) е македонски револуционер, борец во четите на Михаил Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев, а потоа формирал и своја чета.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1