Умирачката ќе поскапи – Бутел бара поскапување


„Бутел“ бара поскапување речиси двојно поскапување на погребните услуги поради високите цени на струјата и нафтата и ниската наплата на гробарината 

6824889-death-life-and-death-cemetery-grave-burial-electricityКако што пишува утрински весник, Бутел планира за 100 отсто да ја поскапи гробарираната, користењето ладилник и капела, а сака 100 евра повеќе да наплаќа за нов гроб.
Неофицијално, до изборите, градските власти нема да им го разгледуваат барањето, оти евентуално поскапувањето на умирачката лошо ќе се одрази на рејтингот на градоначалникот Коце Трајановски. Дури, новиот ценовник не стаса на разгледување ни пред градските советници на последната седница, бидејќи предлогот за новите цени не беше ставен на дневен ред.

Официјално, пак, од градскиот Сектор за комунални работи на надлежните од „Бутел“ им потенцирале дека материјата е комплексна и треба време за разгледување на нивното барање.

За градските власти се дискутабилни дел од фактите кои ги наведуваат од „Бутел“ како причина за поскапувањето на услугите.

Освен ниската наплата и поскапената струја и нафта, од претпријатието напоменуваат дека причина за тешката финансиска состојба се и ниските цени што ги наплаќаат од операторите и каменорезачите, а високите трошоци за бетонскиот фундамент.

Услуга Сегашни цени (во денари) = Нови цени (во денари)

1. Ново гробно место со бетонски фундамент 10.400  =16.400

2. Трансформација на статусот на старо гробно место 3.070 = 3.070

3.Одржување на гробишта (гробарина) 320 = 640

4. Гробна евиденција 750 = 1.500

5. Пристап на гробишта 236 = 472

6. Користење ладилник 250 = 500

7 .Користење капела 450  = 900

Извор – Утрински Весник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1