„Умре за да ги спаси другите“- српски семејства завиени во црно


Неколку семејства се завиени во црно по страшната несреќа која се случи во Сибир, во која во големиот пожар загинаа неколку работници. Сопругата на еден од загинатите си ја отвара душата и за српскиот Курир раскажува што се случило.srbija sibir nesrekja

– Веднаш по несреќата ми се јави еден од работниците да ме извести што се случило. Ми рече, твојот сопруг е вистински херој, прв го виде пожарот и можеше да избега, но остана за да помогне на колегите и пријателите, вели Радунка Кадиќ, сопругата на Славиша Кадиќ кој трагично го загуби животот.

Радунка и нејзините три ќерки останаа без својот херој и се скршени од болка. Велат дека пред трагедијата Славиша им се јавил и им рекол дека е добро. Тој работел како електричар.

– Знаеше да оди и по 150 километри за да не види и да ми донесе лекови бидејќи сум болна, вели таа.

Инаку, сопругата и трите ќерки се невработени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1