Заразна епидемија се шири во Косово – заразени има и во Македонија


Одборот за превенција и сузбивање инфективни болести во Министерството за здравство на Косово прогласи епидемија од туларемија во државата.

Тие ги активирале сите теренски тимови за спречување на појавата на нови случаи.tularemija

Како што пренесуваат приштинските медиуми, од 1 јануари 2014 до 10 февруари оваа година пријавени се вкупно 206 случаи на туларемија. Болеста е регистрирана во 19 општини со 88 жаришта. Туларемија е акутно заразно заболување, кое се јавува во крвта, белите дробови, стомакот. Зголемена температура, повраќање и пореметувањГлое на свеста се симптомите на туларемијата.Се пренесува преку заразена храна или вода, директни контакти со животни, инхалација и преку убод на инсекти.

Досега не е регистриран ниту еден смртен случај од туларемија.

Болеста воглавно е регистрирана во централниот и источниот дел од Косово. Најголем број заболени има во Вучитрн, Обилиќ, Србица, Призрен и Сува Река.

Туларемија е акутно заразно заболување, кое се јавува во крвта, белите дробови, стомакот. Зголемена температура, повраќање и пореметување на свеста се симптомите на туларемијата.

Две жени во Скопје се заразиле од болест што ја пренесуваат глодачи. Болеста туларемија ја добиле од изметот на глодачите.

И двете беа хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со симптоми како грип со висока температура, болки во зглобови, болки во грло.Двете имале оток на вратот кај лимфните жлезди и болеста кај нив е дојдена преку дишните патишта.

Болеста е потврдена во Институтот за јавно здравје

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1