Умрел на 50 километри пред целта – сакал да го препешачи Антарктикот сам (Фото)


Педесет и пет годишниот истражувач Хенри Ворсли од Велика Британија умрел од исцрпеност и дехидрираност, откако по 71 ден поминат на Антарктикот, на само 50 километри од остварувањето на својата цел да го премине ледениот континент без ничија помош, морал да побара медицинска помош. istrazuvac

Неговата желба била да го оствари она во што не успеал сер Ернест Шеклтон пред еден век, да помине 1.770 километри без ничија помош и поддршка.

Британскиот патник Хенри Ворсли, кој сакаше да стане првиот човек кој го преминал Антарктикот без ничија помош, почина откако се разболе само на 50 километри од својата крајна цел, соопштија светските новински агенции. Поранешниот офицер Хенри Ворсли се јави за помош и беше однесен во болница во Чиле, каде открија дека има бактериски перитонитис.86197724_shackletonchallengepa

Патувањето на 55-годишниот Ворсли започна во ноември во чест на 100-годишнината од неуспешниот обид на Британецот Ернест Шеклтон да го премине Антарктикот.

Принцот Вилијам и принцот Хари му оддадоа почит на загинатиот. Принцот Вилијам беше покровител на неговата експедиција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1