Фотографирал компир – фотката ја продал за неверојатни 1 милион евра


Познатиот 46-годишен ирски фотограф Кевин Абош, успеа да ја продаде својата необична фотографија од компир, за неверојатни 1.000.000 евра.kompir22

Необичната фотографија прикажува компир на црна заднина. Сепак, тоа му било доволно на неименуван европски бизнисмен за неа да плати милион евра.

Компирот со тоа им се придружи на сетот фотографии од Абош по кои е најмногу познат, а тоа се портрети на познати личности на црна позадина, па изгледа дека тие извираат од темнината. Неговите ретки изработки достигнуваат цени од 260.000 евра.

На светот постојат три фотографии од компирот, едната е во приватна колекција, другата е изложена во музеј во Србија како донација, а третата е оваа што е купена за милион евра.

„Испивме две чаши вино, по што ми рече дека му се допаѓа фотографијата. По уште две чаши вино сфати дека ја сака. За цената се договоривме по две недели и тоа е најголемата поединечна заработка врз основа на моите фотографии“, вели Абош.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1