8 лица на суд – се скршила брадата на Тутанкамон – а тие ја залепиле со лепак


Осум лица се на суд бидејќи со лепак ја залепиле брадата на златната маска на Тутанкамон, која е изложена во Египетскиот музеј во Каиро, и се смета за една од највредните историски богатства на земјата.

Осум вработени во музејот се обвинети за немарност откако скршената брада на маската на фараонот Тутанкамон се обиделе да ја поправат со лепило.Tutankamon

Досега имало неколку теории како маската е оштетена, а шетата била откриена во 2014 година. Тогаш официјално лице од музјеот изјавило дека брадата се откинала додека се чистела маската, а набргу се обиделе да ја залепат со лепак. Други пак тврдат дека брадата отпадната бидејќи ја нагризал забот на на времето.

Тужителот отворил истрага минатата година изјавувајќи дека работниците не го следеле протоколот.

– Работниците во музејот немарно се однесувале кон артефактот кој има 3.300 години, а го произвела една од најстарите цивилизации на светот – било соопштено од тужителството во саботата.

Оттаму додале дека биле обвинети осум лица, од кои шест се работници на реставрацијата а двајца се поранешни шефови на одделот за реставрација во музејот.

Не е наведено кога судењето ќе започне.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1