Поранешната сопруга на Путин се премажила за 21 година помлад од неа?!


Људмила Путина, поранешната сопруга на претседателот на Русија Владимир Путин, наводно веќе не се презива Путина, туку – Очертнаја. Веста, објавена на 19 јануари на руската веб страница Собеседник (sobesednik.ru), помина незабележано од рускиот печат. Денес, 25 јануари, активистот за борба против корупцијата Георги Албуров потврдил дека според официјалните имотни документи, Људмила се премажила и го зела презимето на нејзиниот нов сопруг, Очертнаја, пренесува Медуза.ljudmila-putin

Во имотната евиденција бил запишан стан во Санкт Петербург,  што сопружниците Путин го купиле во 1995 година. Во 1997, станот бил префрлен на името на мајката на Људмила Путинова. Кога таа починала во 2015, станот припаднал на Олга Цомајева, сестра на Људмила, а во септември 2015, станот бил продаден на некој по име Људмила Очертнаја – на жена со исто име, татково име, датум на раѓање и место на раѓање, како поранешната сопруга на Владимир Путин.

Според сајтот Собеседник, 58-годишната поранешна сопруга на Претседателот сега е во брак со 37-годишниот Артур Очертниј, кој раководи со издавачка куќа и се наоѓа на чело на организацијата Центар за развој на меѓучовечки комуникации. Сајтот наведува дека Очертниј претходно работел во фирмата Арт шоу центар која организирала настани на политичката партија Обединета Русија, лојална на Путин, vo политичкото движење Народен фронт на единствена Русија инспирирано од Путин, во Гаспром и на други места.Artur Ocheretnaj

Сопружниците Путин го обелоденија нивниот развод  во јуни 2013, откако заедно присуствуваа на балетска претстава во Москва. Путин ја опиша разделбата како пријателска и „цивилизирана”. Пред објавувањето, имаше многу шпекулации во рускиот печат за отсуството на Људмила од официјалните настани, каде што сопругата на претседателот нормално би требала да биде присутна, вклучувајќи гласини дека таа ќе замине во манастир.

Владимир Путин повеќе пати изјавил за медиумите дека одбива да разговара за животот на членовите на неговото семејство, повикувајќи се на приватноста и на личната загриженост за нивната безбедност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1