Умрел пред 18 години, а потоа им рече „Здраво“ – Врач го оживеал (Видео)


Клеривус Нарцис лекарите во 1962 година го прогласија мртов, по болеста од која боледувал со месеци. Тој имал исклучително висока температура и треска, поради што умрел. Неговото тело потоа го идентификувале неговите сестри Мери Клери и Анџелина.

Семејството го погреба покојникот на малите гробишта во близина на градот Истер ден по неговата смрт. Меѓутоа 18 години подоцна, висок, постар човек се доближил до Анџелина на селскиот пазар и и се претставила као нејзиниот брат, кого го погребала пред многу години.wdeliv

Тој и објаснил дека го оживеал врач, кој потоа го однел на плантажа со шеќерна трска, каде работел како негов роб. Локалното селско население, кое верува во вуду магија, ја прифати оваа приказна, а научниците не можеле да ги прифатат тврдењата за неговото оживување.

Оваа приказна го одведе професорот Вејд Дејвси од Харвард на Хаити, каде го запозна Макс Бивоар, кој подоцна станал крал на врачевите, а некои го нарекувале и вуду папа. Бивоар го запознал професорот Дејвис со својот локален врач, кој произведува магичен „зомби прав“ кој може да ги оживее мртвите.

Дејвис бил уверен во оваа приказна и дури ја напишал и култната книга „Змија и виножито“, по која подоцна е снимен и филм. Ова подоцна покрена нов жанр во филмската индустрија.

Пред неколку дена вуду папата Бивоар почина. Тој се до својата смрт се наоѓаше на чело на хаитското здружение кое собираше над 6.000 врачеви.

Тие на својот водач му оддадоа почест како на човек кој спречувал многу негативни работи во нивното општество, од инвазијата на САД до избивање на разни епидемии. За тоа колку овој врач имал влијание говори и податокот дека наводно го маѓепсал поранешниот американски претседател Бил Клинтон. Исто така Клинтон во своите мемоари ја опишува случајната средба со Бивоар, која се случила далечната 1975 година.

Сепак за милиони фанови на зомби филмовите, најголемо наследство од Бивоар е книгата која ја напиша професорот Дејвис каде се докажува постоење на зомби. Доналд Косентино, професор по светска уметноста во Универзитетот во Лос Анџелес и познаник на Бивоар, вели дека остнал фасцинирал од приказната за живите мртовци.

-Факт е дека книгата „Змија и виножито“ имаше неверојатно влијание на остатокот од светот. Таа дефинитивно покрена дискусија за зомбите и нивното постоење – вели Косентино.

Оваа книга имаше неверојатно влијание на евро-американското општество, зошто беше доказ за нешто во што многумина се сомневаа.

Курир.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1