Унгарија го затвора граничниот премин Роске-Хоргош на 30 дена


Унгарија ги информирала српските власти дека ќе го затвори граничниот премин Роске-Хоргош во траење од 30 дена.

Будимпешта бара Белград да дејствува против мигрантите, кои ги „нападнале“ унгарските полицајци на границата.ungarija granica horgos

– Група од многу агресивни мигранти постојано ја напаѓаат унгарската полиција со камења и бетонски парчиња. Нападот е извршен од српска територија. Затоа побарав од српските колеги да ги повикаат своите власти итно да интервенираат против оваа агресивна група мигранти, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Претходно, денеска унгарската полиција употреби солзавец против стотици мигранти, кои ја пробија оградата од бодликава жица поставена долж границата со Сирија, кои фрлале со пластични шишиња вода.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1