Унгарија нарачала жица што сече месо до коска за миграните – овие луѓе ја одбиле нарачката


Жицата која Унгарците ја поставуваат на границата сече месо до коски. Нема пари кои би биле вредни за тоа да се повреди некое дете, или уште полошо, да загине. И затоа ги одбив Унгарците да им продадам жица за нивната ограда. За тоа ќе добиев половина милион евра, но тие пари не се ништо во споредба со човековите живот, вели Мурат Екрек, косопственик на германската компанија “Mutanox”, специјализирана за изработка на разни видови огради и жици.

Компанијата ја отворил со својот пријател Талат Дегер пред 20-тина година, а производите од Берлин ги праќаат до купувачите ширум светот, но не и во Унгарија, бидејќи идејата со ограда да се спречат мигрантите е тотално нехумана.heroi-bodlikava-zica-ograda-01

“Жица не се користи за таа цел”, одлучно рекол Мурат.

Зад тој одговор има цела низа емотивни причини, од доселеничко потекло, до обичен хуманизам.

“Четири унгарски компании кои владата ги ангажирала сакаа од нас да купат жица. Многу отворено ни напишаа за која цел им е потребна – за изградба на ограда на унгарско-српската граница”, вели Мурат.

Во првата нарачка Унгарците барале жица за 40 километри ограда, но потоа ја зголемиле нарачката на 175 километри.

“Нè интересираше каде точно мислат да ја постават жицата”, се потсетува тој.

Имено, Унгарците не нарачале обична бодликава, туку остра бодликава жива. Наместо запци, таа има острици кои како жилет нанесуваат повреди.

“Таквата жица се поставува на врвот на обичната бодликава жица, на висина од два метри, и луѓето без напор не можат да ја дофатат”, објаснува Мурат.heroi-bodlikava-zica-ograda-02

Но, одговорот од унгарската страна ги шокирал.

“Рекоа дека ќе ја распоредат по земјата”, рекол Мурат Екрек.

Проверивме уште еднаш – немаше сомнение: жиците, како крвави стапици, планираа да ги постават на земја.

“Во тој момент јас и мојот колега рековме: Не може. Ни случајно. Тоа беше одлука водена од емоции. Не само што ќе повредува возрасни, на неа би можеле смртно да страдаат деца. Таков вид на жица има своја намена – да се поставува на огради во затвор, околу аеродроми, да се штитат бродови од пиратски напади, да се сопрат криминалци. Но, бегалците не се тоа. Тие само бегаат од војна. А каде? Во жица која ќе ги масакрира. Не можевме да продадеме. Етиката ни забрануваше”, вели тој.

Вработените во нивната компанија, вкупно 25, застанале зад своите шефови, а од поширокиот круг на познаници добиле честитки за одлуката, пренесува Kurir.rs

“Сакавме да го покажеме хуманото лице на Германија, држава која во странство често се критикува”, додал тој.

Во донесувањето на одлуката се воделе и од емотивното искуство на деца мигранти од Турција.

“Моите родители Германија ги прифатила, јас сум роден тука и Германија ја чувствувам како дом. Пораснав со деца од сите делови на светот. Мојата прва девојка беше од Хрватска. Тука има место за сите”, рекол тој.

Одлуката на Германија да се огради со жица, го натерала да размислува.

“Јасно ми е дека постои шенгенски простор кој мора да го заштитат. Но, не ми е јасно како и денес во Европа се креваат огради”.

Точка.ком.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1