Момчиња претепани на автобуска во центарот на Скопје


Две малолетни момчиња се здобиле со сериозни повреди откако биле нападнати од поголема група врсници на автобуска постојка во центарот на Скопје.

Инцидентот се случил по 20 часот на автобуската постојка на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ , кај Народна банка, кога група од петнаесетина средношколци нападнале еден 15-годишник и негов една година повозрасен пријател.

avtobuski stanici

Двајцата малолетници биле пренесени во Ургентниот центар, каде им се констатирани сериозни повреди во пределот на главата и телото.

Напаѓачите потоа се качиле во приватен автобус број 44, кој бил запрен од полицијата на последната станица на број 45., а лицата биле приведени во полициската станица Гази Баба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1