Eкс-градоначалникот Петрески спречи обид за убиство врз друго лице во Охрид


„Денес околу 14.00 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, во канцеларијата од Агенцијата за недвижности „Тримлум“, биле три лица од кои едниот е поранешниот градоначалник на Охрид Александар Петревски од Охрид, лицето О.С. исто од Охрид, и М.Ч.  од Струга.

Настанала расправија помеѓу О.С. од една страна и Александар и М.Ч.  од друга страна, јави Охрид Скај.aleksandar petreski

Охриѓанецот  го удрил Александар Петрески со вазна по главата, а потоа се обидел да извади пиштол но истиот бил спречен од Петрески и стружанецот. Тие му го одземале пиштолот, а тој се вдал во бегство. Пиштолот е обезбеден. Увидот е во тек“, соопшти Охридската полиција.Сепак, според порталот Охрид Скај, екс-градоначалникот на Охрид не бил нападнат туку спречил убиство на друго лице.

Оливер Смически (споменат во соопштението на СВР ) од село Лескоец, кој бил во просториите на приватната фирма, најнапред по вербална расправија на висок тон му се заканувал на сопственикот на фирмата, при што најнапред со пепелник фрлил по сопственикот, а потоа извадил пиштол, го репетирал и се обидел да пука во сопственикот на фирмата.

Во канцеларијата бил присутен и екс градоначалникот на Охрид, Петрески, при што станал од столот и успеал да го совлада, односно да му го одземе оружјето на Смически.

Веднаш е повикана полицијата, бидејќи настанот се одвиваше на 200 метри од ПС Охрид, при што пиштолот е предаден на службени лица при СВР Охрид и по извршените проверки на серискиот број констатирано е дека сопственик на истиот е Смически.

Откако Смически беше совладан од Петрески, веднаш почнал да бега, а од страна на СВР Охрид, Смически се бара за кривично дело „обид за убиство“ врз сопственикот на фирмата, јави Охрид Скај.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1