Унгарската влада: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер


Унгарската влада соопшти дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде сослушан и во седиштето на Канцеларијата за миграција и азил во Будимпешта бидејќи тоа е законско прашање, објавува Макфакс

-Никола Груевски поднесе барање за азил кај соодветната служба во Унгарија. Со оглед на фактот дека тој беше премиер на Македонија 10 години, од безбедносни причини унгарските власти му дозволија на г. Груевски да го поднесе барањето за азил и да биде сослушан во седиштето на Канцеларијата за миграција и азил во Будимпешта, која ќе ја спроведе процедурата во согласност со унгарските и со меѓународните закони, стои во соопштението на унгарската влада

Целиот текст на „Макфакс“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1