Золт Боркаи , градоначалник на Гер , кој беше снимен среде оргии на јахта , доби уште еден мандат за прв човек на овој град на зеверозапад на Унгарија.
И додека снимката што кружеше на порнографските страници не беше доволна да го отстрани овој поранешен Олимпиец од градоначалничкото место, „Вашингтон пост“ пишува дека порно содржината значително влијае на првиот голем пораз на Фидес.
Поточно, 10 од 23-те најголеми унгарски градови, вклучувајќи го и Будимпешта, избраа кандидати на опозицијата против „популистичкиот бренд на автократија“ на Орбан.
„Боркаи-порта“, како што унгарските медиуми го нарекуваат овој скандал, започна откако фотографиите беа објавени од непознато лице на блогот наречен „Ez az ördög ügyvédje“ („Ова е адвокат на ѓаволот“).
Овој блогер во еден пост тврди дека Боркаи минатиот мај бил со јахта на крстарење низ Јадранското Море, придружуван од познатиот унгарски адвокат Золтан Рикосфалви.
Покрај тоа, блогерот тврди дека крстарењето било финансирано од нелегални договори за недвижнини со општината, дека трите девојки биле проститутки и дека на забавата се консумирал кокаин. Дрогата, сепак, не се гледа на објавените фотографии, но блогерот, кој се нарекува себеси „адвокат на ѓаволот“, се закани дека ќе објави снимки каде Боркаи „шмрка кокаин“ .
Сепак, од непознати причини блогот беше затворен.
Боркаи прво рече дека лицето во видеото не е тој, но по неколку дена го смени тврдењето, велејќи дека снимката е направена пред многу години и дека дел од содржината е делумно реална и делумно монтирана.
Тој се извини за снимките, но ги негираше обвинувањата за перење пари, проститутки и употреба на кокаин.Јавноста очекува Орбан да го исфрли градоначалникот на Ѓер од Фидес.