Уништени микрофони, систем за превод, скинати кабли – епилог од инцидентите во Собранието


Собранието излезе со список на евидентираната штета направена при инцидентите во собраниската сала на 24 минатиот месец. Тогаш, соопшти собраниската прес-служба, беше нанесена и поголема штета на севкупната техника која овозможува нормално функционирање и реализирање на една пленарна седница.

sobranie vnatre4Од Собранието соопштуваат дека стручните собраниски служби направиле попис на оштетувањата, односно на извршените вонредни сервисни активности во Сала 1 во републичкото Собрание.

Уреди што се сервисирани, се наведува во соопштението, се претседателска единица од CDS 200 делегатски систем и систем за симултан превод, читач на делегатски картички од претседателска единица на CDS 200 делегатски систем и систем за симултан превод, Три (3) ТМ 55 делегатски микрофони Три (3) , Rank конектори на делегатски единици од CDS 200 делегатскиот систем и системот за симултан превод, приемник IRX 12 од безжичниот систем за симултан превод, две делегатски слушалки Sennheiser HD 1029 и звучна картичка од комјутерот за контрола на Пинг- звучниот сигнал за завршено време на дискусија во Сала 1.

Од собраниската прес-служба посочуваат дека по завршување на сите вонредни сервисни активности е извршено комплетно тестирање на CDS 200 делегатскиот систем и системот за симултан превод и е направена поединечна контрола на работата на делегатските микрофони. Притоа е утврдено оти уште три делегатски микрофони не се во функција поради скинати контакти на Renk конекторите од увртување на микрофоните. И тие три микрофони се сервисирани и по сервисирањето се тестирани и се во исправна и функционална состојба, се вели во соопштението.

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1