Тројца водачи извидувачи се соочени со обвинувања за казнено дело откако уништиле 20 милиони години стар камен во Гоблин Волеј во Утаха
По непроценливата штета со која ја загрозиле и безбедноста на останатите посетители на ова подрачје, тројцата „паметници„ на своите профили на Фејсбук поставиле видеа и фотографии на кои се смеат и врескаат од среќа затоа што уништиле камен, очигледно со цел да се пофалат.
Но, на полицијата овие видеа и фотографии не и биле воопшто смешни. Имено, геолозите тврдат дека каменот датира од пред 165 милиони години.
На тројцата момчиња им се закануваат обвинувања за казнено дело.