Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, по втор пат го понесе епитетот најдобар во високото образование- Superbrand во Република Македонија за 2015/2016 година.
Ова признание е уште една потврда за квалитетот што девет години наназад УТМС го гради и негува, секојдневно работејќи на поддигање на условите, при тоа следејќи ги светските норми за квалитет и методологија во сферата на образовниот процес.
Superbrands е меѓународна организација специјализирана за брендинг, денес активна во 92 земји во светот. Почетоците на најпопуларните брендови датираат од 1994 година, кога ББЦ Лондон, медиумски ги преставува најдобрите брендови и тајните на нивниот успех. Надгледувањето на процесот на гласање е во склад со меѓународни стандарди, кои вклучуваат гласање од страна на потрошувачите и членовите на Стручниот совет.