Регистрација на нова фирма за само 2 часа


Регистрацијата на фирма во Македонија трае само два часа и чини 0 денари.  Бројните реформи во изматаната деценија придонеса максимално да се поедностави постапката и да се скрати времето за почнување бизнис. Паралелно, од март лани, целиот процес на регистрација оди по електронски пат што е втора фаза од проектот „Едношалтерски систем“zirant dogovor izvrsitel

„Порано беа потребни неколку дена, па и месеци за регистрација на фирма, во моментов во Централниот регистар времето потребно за регистрација на фирма по уредно поднесена документација е само неколку часа. Паралелно на ова следеа и неколку други законски измени, како исфрлување на печатот од задолжителна употреба во правниот промет и воведувањето на категоријата регистрациони агенти. Пристапивме кон изменување на тарифата на Централниот регистар. Надоместокот кој порано беше потребен за да се уплати за регистрација на фирма, односно за упис за основање на фирма сега е  нула денари“, потенцира Поповски.

Процесот на почнување бизнис го поедноставија и регистрационите агенти, а таа функција од неодамна можат да ја вршат и адвокатите што значи дека регистрацијата може да се изврши во било кое место во Македонија беа да се доаѓа во Централниот регистар. Во моментов 450 агенти и 650 адвокоати ги имаат завршено потребните обуки.

Сметководителите задоволни од реформите. Работата им е максимално олеснета, а трошоците намалени.

„Во Макеоднија се регистрира фирма најбрзо во регионот. Значи, ако документацијата е уредна и ако се поднесе наутро во текот на днеот целата процедура ќе биде завршена“, вели Драган Митковски, овлестен смектоводител.

Меѓу другите реформи кои ги споревде Централниот регистар во изминатите девет години се и исфрлањето од употреба на хартиената регистрација што значи дека веќе нема ни нотарски трошоци за заверка на документите. Преку електорнски пат Регистарот е поврзан со УЈП, АВРМ, Фондовите за здравствено и пензиско и автопатски врши целосна проверка на уникатноста на името на фирмата или  дали против лицето кое регистрира фирма е изречена мерка забрана за вршење дејност. Сите овие реформи Македонија  ја ставаат во групата  земји со најдобра деловна клима.

Sitel.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1