Годишно од 1000 до 1200 лица и фирми имаат погрешна уплата на државната сметка или ги губат уплатниците, покажуваат статистиките на Министерството за финансии.
Во таа насока на својата фејсбук страница (https://www.facebook.com/MinistryOfFinanceRM/), Министерството за финансии објави туторијал кој покажува што треба да направат граѓаните доколку извршат погрешна уплата на такси, надоместоци и глоби, за да си ги вратат парите или за да ја пренасочат уплатата на вистинско место.
Исто така, Министерството објави процедура што треба да се направи доколку е изгубена уплатница, а на лицето или фирмата им е потребен доказ дека е направена уплата.
Објавени се и контакт телефони на надлежните во Министерството, ако на граѓаните им се потребни повеќе информации.