До овој момент, според информациите до кои дојде Press24 Прифатени се 16 тужби поднесени до Државната изборна комисија од страна на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето во општина Центар.
Ако се има предвид дека централната општина во Скопје вкупно брои 66 избрачки места, математиката покажува дека до овој момент, сигурно е дека ќе се прегласува во една четвртина од местата во оваа единица на локалната самоуправа.
Тоа претворено во бројки значи дека пред гласачките куптии ќе може да застанат над 10.000 гласачи, кои можат битно да влијаат на резултатите.
По вториот круг, Жерновски имаше предност од нешто помалку од 1000 гласа пред Владимир Тодоровиќ.
Жерновски најави прес конференција во 16:30.
КАПИТАЛ: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УПРАВЕН ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО ОДЛУКАТА ЗА ПРЕГЛАСУВАЊЕ ВО ЦЕНТАР
ЖЕРНОВСКИ: КОЛКУ КРУГА САКААТ НЕКА ИМА, ЏАБЕ ИМ Е – ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕТО