Упс грешка: Kако бебе му го отстраниле песниот и го направиле женско – а сега сака да е машко (Видео)


Детето кое се родило со машки и женски полов орган по одлука на социјалните служби било оперирано на 16 месеци при што му е oтстранет машкиот полов орган. Како што растело, детето се идентификувало само со машките. Службите и лекарите направиле огромна грешка!

Adoptive parents sue doctors and South Carolina Department of Social ServicesБрачната двојка Пем и Марк Крафорд од Колумбија го тужеле министерството за социјални прашања на Јужна Каролина, социјалните работници и лекарите, затоа што на бебето кои го посвоиле му бил отстранет машкиот полов орган – јави Си Ен Ен.

Детето било посвоено по операцијата, која била извршена по одлука на социјалните служби. Сега тоа има 8 години и признало пред родителите дека се чувствува само како момче, иако бил воспитуван и растен како девојче!

Во тужбата родителите наведуваат дека операцијата од медицински аспект не била неопходна и со неа детето е лишено од шансата самото да донесе одлука дали ќе се оперира и како се чувствува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1