Балканските медиуми го нарекуваат Лозано – ,, Новиот Тоше,,


Младиот македонски пејач, кој со своите вокални способности ја освои Европа, е добитник на бројни признанија ширум стариот континет.

vlatko lozanovskiИ покрај тоа што го завршија настапот на Евросонг, претставниците на Македонија, Есма Реџепова и Влатко Лозановски, со својот настап, ги одушевија присутните во преполната „Малме Арена“, пишува Телеграф. Вистинско освежување на сцената беше популарниот Лозано, кој со своите вокални способности, на моменти, потсети на легендарниот Тоше Проески.

Кој е всушност, овој млад пејач кој со својот музички талент ја фасцинираше Европа? пишуваат балканските медиуми.

Како младо момче, Влатко, знаел дека музиката ќе биде неговата најголема страст, но и идна професија. Момчето од родното Кичево го привлече вниманието на себе со учество во тамошното натпреварување талент натпреварот „Мак ѕвезди“. Иако го освоил третото место, Лозановски со неговиот талент и глас, не остана незабележан ширум Македонија.
2008 година, Лозановски го издаде својот прв албум „Врати ме“, со кои триумфираше на македонскиот радиски фестивал „Ѕвездена ноќ“.
Наскоро Влатко објавил две нови песни. „Обичен без тебе“ и „Времето да застане“. Со последната нумера, ја доби наградата „најдобар дебитант“ на Макфест, кој е најпрестижен музички фестивал во Македонија.

esma-i-vlatko1На Евросон, Лозано за прв пат настапи во февруари 2009 година, каде ја отпеа песната „Блиску до мене“, каде што го освои четвртото место. Со оваа иста песна, ја претстави Македонија на виртуелниот Евросонг, фестивалот „Втора шанса“.
Истата година, младиот пејач почнува да го покажува својот богат талент и надвор од границите. Тој се појави на „Песна на Медитеранот“ во Будва, како и на познатата „словенска чаршија“ во Белорускиот град Витебск, каде што го освои второто место.

Исто така, Лозановски беше награден со титулата „Најдобар машки глас“ на фестивалот „Златни крилја“ во Молдавија. Во 2010 година, повторно се обиде на натпреварот за Евросонг, каде што со песната „Летам кон тебе“ ја забележа четвртата позиција.

Неговата желба за учество во најголемиот музички фестивал се оствари на крајот на 2012 година, кога беше одлучено, заедно со легендарната Есма Реџепова да ја претставува Македонија на „Евросонг“.
За време на неговата шест-годишна кариера, Лозано има издадено два албума „Лозано“ и „Преку седум мориња“. Освен пеењето, Влатко свири и на хармоника, пијано и гитара.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1