Пејачката Лидија Милошевиќ Саманта до редакцијата на Press24 го испратила видеото од сигурносните камери на кое според неа е Орце Гелевски, фатен на дело како и го уништува автомобилот
Пејачката Лидија Милошевиќ Саманта тврди дека уметничкиот директор на Фолк Фест Валандово и ТВ водител Орце Гелевски и го полил автомобилот со солна киселни и и ги исекол гумите.
“Целото мое семејство е во шок! Во вторникот наутро, кога мојот сопруг Милош излезе надвор за да го однесе синот на училиште забележал дека автомобилот кој што беше паркиран пред куќата ни е уништен. Веднаш се врати дома и ги прегледавме снимките на камерите. Имавме што да видиме! Човекот кој што стои зад оваа работа не е никој друг туку лично Орце Гелевски! Очигледно не знаел дека имаме поставено камери, па слободно ни ја полил колата најверојатно со солна киселина.
Без двоумење повикавме полиција и им ги покажавме снимките. Бојата на маздата е целосно уништена, според моја проценка сигурно има штета над 2 илјади евра, вели револтираната пејачка за весникот Вест.
Таа за весникот раскажува дека нетрпението меѓу нив датира од пред неколку години, кога таа го обвинила дека и побарал 1500 евра за да настапи на Фолк Фест Валандово.
“Со Орце имаме и судски процес, првин ми бараше 600 илјади денари за клевета, а потоа 300 илјади денари. Јавна тајна е дека имаме проблем. Но дека работите ќе излезат од контрола до овој степен не ни помислував. Да ви кажам, снимките да не беа трагични, ќе беа смешни”, раскажува Саманта за Вест
“Навистина сум запрепастен од обвинувањата на таа жена. Не знам што би ви кажал. За мене ова се само глупости и не би зборел повеќе на оваа тема, вели Гелевски за Вест и додава дека тој и неговата партнерка Ирена Спасовска со години имаат проблеми со Саманта