Вчера кажав по однос на случајот со графолошко вештачење на потписот, по однос на доказите кои што беа изнесени овде пред ДИК, начинот на кој госпоѓата без одлука на ДИК гласав ПРОТИВ за графолошко вештачење на нејзиниот потпис од причина што како ДИК излеговме надвор од надлежностите кои што ги имаме, истакна независниот член на ДИК, Атанас Урумов.
-Начинот на кој што госпоѓата беше доведена за мене се ирелевантни, во таа смисла единствено важно е она што го потврди општинската изборна комисија, кои што кажаа дека се одговорни и дека на ниту едно лице не му дозволиле да гласа без лична карта. Начинот на кој што лицето ја доведе овде и како сугерираше и се уфрлуваше дека е комшија и и’ објаснуваше друго, ми отвора сомнежи таму. Не е исклучена и можноста госпоѓата да има изгубено лична карта претходно па да има извадено нова, па некој друг да ја злоупотребил нејзината лична карта. И вчера кажав, дека во случајот се работи за повреда на лично гласачко право. Од страна на госпоѓата нема поднесено приговор за заштита на правото на гласање и другите факти кои што ги наведоа пред колегите претходно. Па затоа лично сметам дека овој предлог треба да се одбие а понатамошна одговорност, бидејќи во случајот ќе има одговорност за некој, за тоа нека си одлучи надлежен суд, појасни Урумов.