По само 20 дена од несреќата повторно се качи во авион: Нето се врати во градот погоден од големата трагедија


Фудбалерот кој ја преживеа страшната авионска несреќа би сакал повторно да го облече дресот на својот Чапекоензе. Дефанзивецот Нето само дваесет дена по несреќата се качи на авион и се врати назад во градот погоден од големата трагедија.neto-chapecoense-640x336

– Летот мина со мали болки, но тоа беше и очекувано. Важно е дека состојбата не му се влоши и ситуацијата ја држиме под контрола. Нето доживеа огромна физичка траума, но онаа психолошката е уште поголема. Мораме да бидеме внимателни поради повредите што ги гледаме, но и оние кои се невидливи, односно од психолошка природа. На Нето му е потребна голема поддршка, речиси сите негови соиграчи ги загубија животите во трагичната несреќа – изјави докторот Едсон Стаконски, кој се грижи за здравјето на фудбалерот по неговото доаѓање назад во Бразил.

Тој не ја отфрли ниту можноста Нето повторно да се врати на фудбалските терени, откривајќи дека тоа е желба на самиот играч.

– Дали ќе се врати на теренот? Тој сака да игра фудбал повторно и тоа е многу добро во целата ситуација. Шанса за такво нешто дефинитивно постои, но не би сакал уште сега да давам било какви прогнози – истакна Стаконски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1