Нови 12 патници позитивни на Корона, во саботата од Скопје слетале во Финска, соопштија тамошните власти. ова е трет лет по ред на релација Скопје – Турку, во кој се регистрирани позитивни патници на Ковид 19. Првиот беше на 8ми август во кој откриени беа 26 позитивни лица, а на вториот кој се реализираше на 11ти август уште 5. Најголем дел од патниците во трите лета биле со косовски и фински пасош.
Во авионот патувале 115 патници, и на сите им биле издадени писмени наредби за домашен карантин кој ќе го надгледуваат локалните власти. Детали за здравствената состојба на заразените и колку од нив се хоспитализирани – нема, но финските власти најавуваат можна промена на режимот на патување со високоризични земји, меѓу кои и Македонија.
„Да се размисли воведување задолжителен негативен тест за сите кои влегуваат во Финска, како и други ограничувања за патниците кои доаѓаат од ризични земји.“вели Мина Арве, Градоначалничката на Турку,
Идејата за воведување на рестриктивни мерки денеска ќе се најде и на седница на владиниот кабинет во Хелсинки, а се разви и дебата на социјалните мрежи помеѓу тамошните министри.
-Ќе поднесам предлог до владата за летовите и конекцијата Турку-Скопје да биде суспендирана. Бројот на инфицирани е доста висок. Нашата силна порака е: не патувајте во земји кои се ризични, истакна Тимо Харака – Министер за транспорт.
Од македонското здравство изјавија дека станува збор за лица кои се иселеници со двојни државјанства или со дозволи за работа во странство, кои доаѓаат од земјава или само транзитираат низ државава. За тие граѓани не важат забраните за патување во земјите од ЕУ. И додека за влез во Косово македонците задолжително мора да приложат негативен ПЦР тест, косовските државјани немаат таква обврска за влез во нашата држава.