Почна седницата на ЦО на СДСМ, се очекува да бидат соопштени имињата во новата влада


Кој ќе биде дел од новата влада, кому ќе му бидат доверени клучните позиции и како ќе се распределат ресорите, ќе се знае по вечерашната седница на Централниот одбор (ЦО) на СДСМ која тукушто почна, а се одржува во скопскиот хотел „Холидеј Ин”.

ДУИ веќе излезе со информации за своите кадри. Артан Груби ќе биде прв вицепремиер и министер за политички систем, Бујар Османи ќе биде министер за надворешни работи, Фатмир Бесими ќе раководи со ресорот финансии, Крешник Бектеши останува прв човек на економија, а министер за животна средина ќе биде Насер Нуредини. Ова го соопшти лидерот на ДУИ, Али Ахмети по состанокот на Централниот совет на партијата што се одржа попладнево во Тетово.

Останува, како што изјави Ахмети, со коалициските партнери да се договорат уште за министер во Министертвото за информатичко општество, а утре ќе биде избран претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Извесно е и дека со ресорот земјоделство ќе раководи БЕСА, но кој ќе ја извршува министерската функција партијата ќе соопшти по состанокот на Централниот совет што се одржува вечерва. Како што изјави лидерот на БЕСА, Билал Касами по денешната средба на претседателите на партиите од коалицијата „Можеме” со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, БЕСА ќе биде дел и од другите ешалони на власта. Ќе добие заменици министри и директори на институции.

Доцна попладнево партнерите од коалицијата „Можеме” му дадо целосна поддршка на договорот за коалицирање на СДСМ со ДУИ, како и на вредностите и принципите кои произлегуваат од него во насока на брза трансформација на државата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1