Уште четири лица се пријавени за исчезнати, информира денеска на прес конференција Шабан Салиу, директорот на Агенцијата за заштита и спасување.
Како коментар, пак, на жалбите на граѓаните дека институциите недоволно и ненавремено реагираат, Салиу објасни дека нивните екипи се постојано на терен и работат активно со целосен капацитет од 85 пумпи за испумпување на водата, а Владата ќе ги снабди со уште околу илјада пумпи.
– Нормално е дека луѓето се нервозни, имаат претрпено големи штети. Но ние не можеме во еден ден да ја санираме целата штета, работиме на тоа максимално да им се помогне на сите настрадани семејства. Засега најважно е да се исцрпи водата. Очкувам за 2-3 дена да има видливи резултати – вели Салиу.