Суд во Мичиген денеска му изрече трета пресуда по ред на докторот Лери Насар и го осуди на уште 40 години затвор на претходно изречените 125, поради сексуално малтретирање на над 260 девојки и девојчиња од американскиот женски гимнастичарски тим од државниот универзитет на Мичиген.
Делата за кои е осуден Насар датираат од 1992 година. Тој првпат беше обвинет за малтретирање од страна на две гимнастичарки во 2015 година, по што голем број други девојчиња излегоа со обвинувања дека биле секслулано малтретирани од страна на Насар, при што најмалата од нив била изложена на вакво однесување на возраст од 13 години.
Насар (54) првично беше осуден на 60 години затвор поради поседување детска порнографија.
Минатата недела судското обезбедување мораше да интервенира и да го спречи Рендал Маргрејвс, таткото на едно од малтретираните девојчиња, кој се обиде физички да се пресмета со Насар.