На домашно лекување се пуштени уште 4 припадници на безбедносните сили. Лекарите од Хируршките клиники констатирале дека нивната здравствена состојба е подобрена.
На болничко лекување сеуште се 14 повредени полицајци, 9 се на Хируршките клиники, а 5 во ГОБ 8-ми семптември. Според информациите од министерството за здравство сите се во стабилна здравствена состојба.