Времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од јужен правец. Температурата ќе се движи од 33 до 40 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Температурата ќе достигне до 40 степени.
Утре во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе се задржи висока. Во попладневните часови и ноќта кон недела ќе биде променливо и нестабилно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално можно е процесите да бидат поинтензивни, особено во источните делови.
Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, на места и за повеќе од 10 степени. Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.