Уште две деца од струмичката градинка позитивни на Ковид-19


Директорот на струмичката градинка, Васил Бубев изјави дека уште две деца од градинката од истата група од која е првото, се позитивни на Ковид-19.

-Не може да се потврди дека станува збор за поврзаност со првиот случај на Ковид- 19 во групата, бидејќи едното од децата воопшто не се сретнало со првото позитивно дете, додека другото било во контакт само еден ден. Не е исклучена можноста да станува збор за пренос на вирусот од други лица во кругот на семејствата кои можеби се носители на вирусот, но се асимптоматски, изјави директорот Бубев. Единаесетте деца од оваа група и тројца вработени се во изолација.

Во претходното деноноќие беа регистрирани 140 нови случаи на Ковид-19. Најмногу во Скопје-47, по што следуваат Куманово со 18 и Тетово со 15. Во останатите градови регистрирана е едноцифрена бројка на заболени.

Во Прилеп има седум нови случаи, во Кочани-пет, Гевгелија, Струмица и Радовиш по четири, Штип, Струга, Велес, Битола, Гостивар, Берово и Свети Николе по три, Кавадарци, Крива Паланка, Пробиштип, Делчево, Кичево и Ресен по двајца, и во Охрид, Крушево и Македонски Брод по еден случај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1