Уште еден инцидент: Малезиски авион се запали во тек на лет


Авион на малезиската авиокомпанија „Малиндо Ер“ денеска мораше да се врати на аеродромот од кој што полета, бидејќи му се запалил еден од моторите.

avion zapalenВо соопштението на „Малиндо Ер“ компанијата која што е основана само пред една година, наведе дека авионот сепак безбедно слетал и дека во инцидентот нема повредени, пренесе „Асошиејтед прес“.

Авионот полетал од аеродромот „Субанг“ во близина на Куала Лумпура и требало да слета во градот Теренган на источниот брег на Малезија.

Ова е трет инцидент со авионите од Малезија. На почетокот овој месец мистериозно исчезна „Боингот 777“ со 239 патници и членови на екипажот. Малезиските официјални лица потврдија дека се урнал на југот на Индискиот океан. Пред само два дена втор малезиски авион за малку ќе се најдеше во вода, но сепак безбедно слета на аеродромот во Хонг Конг.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1