Уште еден светец по потекло од Македонија, идните генерации да земат пример од делата на Мајка Тереза


Канонизацијата на Мајка Тереза е голем настан за Република Македонија и за македонскиот народ. Денеска добивме уште еден светец по потекло од Македонија, што само по себе ја покажува големината на настанот, изјави премиерот Емил Димитриев по прогласувањето на Мајка Тереза за Светица во Ватикан.dimitriev-vatikan-640x335

Димитриев, јави известувачот на МИА, рече дека присуството во Ватикан на македонската делегација е одраз на почит на нејзината големина. Информира дека имале куса средба со Папата Франциск која ја искористиле уште еднаш да ја реафирмираат поканата за негова  посета на  Македонија.

– Во овие моменти на условно кажано политичка криза која Македонија ја држи подолг период  убава беше приликата да се сетиме на делата на Мајка Тереза и за можноста тие вредности да ги споделиме во овие моменти кога имаме силна политичка битка помеѓу политичките партии дека сепак хуманоста, добродетелта, почитувањето едни со други, вредности што ги промовираше Мајка Тереза, апсолутно би ни помогнале во надминување на оваа политичка криза, бидејќи нејзината помош не беше условена ниту од вера, ниту од боја на кожата, ниту од раса, истакна Димитриев.

Тој смета дека нејзината космополитска димензија беше круна на сето она што таа го има направено за човештвото и дека ќе биде поука за идните генерации да земат пример од делата што ги правеше Мајка Тереза.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1