Уште еден уредник на BBC призна педофилија


Осумдесет и три годишниот Стјуард Хол, најпознат по водењето на семејното телевизиско шоу „It’s a Knockout” кој сè до неодамна работеше како фудбалски радиокоментатор на BBC, признал 14 случаи на сексуално злоставување на девојченца, меѓу кои најмладата имала само девет години.

pedofilija bbc„Тој може да биде опишан единствено како опортунистички грабливец”, изјави Назир Афзал, главниот британски државен обвинител за северозападна Англија на судското рочиште. Пресудата за Хол ќе биде изречена во јуни.

Признанието претставува продолжување на педофилските скандали во чиј центар беше починатиот Џими Севил, големата ѕвезда на BBC којашто поради хуманитарното ангажирање британската кралица Елизабета Втора го прогласи за витез, а за кого неодамна беше откриено дека бил вмешан во дури 200 случаи на педофилија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1