По Меѓумурје, Дрниш, Ловран и Задар вчера земјата се сруши и кај Имотски. Како што изјавиле мештаните за Радио Имотски, се нагаѓа дека дупката е широка два и пол метри, а длабока метар и половина, а со себе повлекла и бетонски столб кој држел жици за лозови насади.
Дупката за прв пат била забележана од една жена која што во близина чувала овци. Сопственикот на земјата пред неколку дена ги вадел старите лозовите насади што ги имал, па се претпоставува дека тоа е причината.
-И неколку лозови насади отидоа во утробата на земјата. Дупката можеби не изгледа толку длабока, но долу во длабочината се слуша нешто, раскажал еден жител на Имотски и објаснил дека во тој предел постојат неколку пештери.
Има и природни бунари, но, како што велат мештаните, тие не паметат дека некогаш се случило земјата така одеднаш да се сруши и тоа на ливадите каде што со години се саделе лозови насади.